Свет
13. јуни 2018 - 8:38

Австрија го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел им честиташе на Атина и на Скопје на изнаоѓањето решение за долгогодишниот спор за името на Македонија.

Кнајсел во таа прилика веќе го употреби идното име на Македонија.

- Честитки за Грција и за Северна Македонија за решавањето на долгогодишниот спор за името. Тоа е успех на дијалогот и дипломатијата. Тоа е важен ден за целиот регион, напиша таа на Твитер.

Нејзиниот твит подоцна го сподели и австрискиот канцелар Себастијан Курц.