Австрија, Данска и Грција бараат „небирократско“ одобрување на вакцината на АстраЗенека
Данска, Грција и Австрија ќе побараат од Европската агенција за лекови (ЕМА) брзо и „небирократско“ одобрување на вакцината на АстраЗенека, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Тој рече дека е договорена заедничка акција со премиерите на Данска и Грција.
– АстраЗенека е вакцина што ја развиваат познати експерти, ЕМА ги има сите информации за таа вакцина од 12 јануари. За мене е важно да се залагаме за побрза одлука на ЕМА, објасни тој.
Курц побара итна, небирократска одлука за одобрување на вакцината. Тој потсети дека вакцината веќе се користи во Велика Британија и некои други држави.
Тој, исто така, посочи дека ЕМА требало да одржи седница на крајот на месецот во врска со одлуката за одобрување на вакцината на АстраЗенека.
– Секој ден е важен за нас. Новата мутирана варијанта е очигледно поефикасна, така што не става пред голем предизвик. Секој ден што се добива со побрзо одобрување на вакцината е ден во борбата против вирусот, нагласи тој. Курц, исто така, побара и ЕУ да донесе јасна стратегија во врска со патувањата, односно влез од држави вон Унијата.
Ново на Сител
-
Русија и СЗО разговараа за итно одобрување на вакцината против Ковид-19, Спутник В
-
Николовски: Антикорупциска година, но и подадена рака на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка борба против корупцијата
-
Георгиевски: Не можам да се определам како ништо друго освен како Македонец
-
Македонски полициски синдикат: Со едноминутно молчење да оддадеме почит на нашите загинати колеги
-
На 64-годишна возраст почина српскиот актер Борис Комнениќ
-
Познати историски личности чии гробови никогаш не се пронајдени
-
Во светот над 117 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19
-
Во Швајцарија референдум за забрана за покривање лица на јавни места