Тенис
15. February 2016 - 8:51

Австриецот Тим го освои турнирот во Б.Ајрес

Австриецот Доминик Тим со триумф над Николас Алмагро го освои турнирот во Буенос Аирес со што е првиот тенисер од 2002г кој не говори шпански а триумфирал во аргентинската престолнина. 

Тим доби два сета во тај-брејк додека на Алмагро му припадна вториот со 6-3.
Претходно Австриецот во полуфиналето приреди сензација со елиминацијата на Рафаел Надал.