Тенис
30. July 2017 - 19:44

Австриецот Нојхрист победник на Ф1 Скопје

Австриецот Максимилијан Нојхрист (втор носител) е победник на првиот фјучрс тениски турнир што се одржа во Скопје. Тој денеска во финалето го победи Хрватот Нино Сердарушиќ од Хрватска(трет носител)  со 2-0 во сетови за два часа игра со 6:3 и 7:5 во гемови.

За Нојхрист ова е прв триумф на фјучрс турнир оваа година, а вкупно деветтта турнирска победа. Тој заедно со сонародниот Давид Пихлер го освои и турнирот во конкуренција на двојки во Скопје.

Нојхрист вчера во полуфиналето беше подобар и од македонскиот тенисер Томислав Јотовски. Инкау, двајцата финалисти и Јотовски, како и другите носители од првиот фјучрс ќе настапат и на вториот што почнува во вторник, а во тек се квалификациите за овој турнир.