Свет
4. December 2015 - 8:39

Австралиските власти ќе укинат државјанство за осомничени терористи

Австралија донесе закони кои овозможуваат осомничени терористи со двојно државјанство да бидат лишени од австралиското државјанство.

Владата смета дека речиси половината од австралиските екстремисти кои заминале на Блискиот исток да војуваат, имаат двојно државјанство.

Сенатот на Австралија синоќа одобри закони кои ќе лишат од државјанство лица на возраст над 14 години осомничени за тероризам дури и ако не се осудувани.