Свет
25. January 2016 - 8:49

Австралиските политички лидери согласни земјата да стане република

Политичките лидери на речиси сите сојузни држави и територии во Австралија, потпишаа декларација со која се согласуваат земјата да стане република.

Австралискиот премиер Малколм Тарнбул и лидерот на опозициските лабуристи, Бил Шортен, исто ката се согласуваат да се прекине врската со Британската монархија.

Единствен кој не ја потпиша декларацијата е лидерот на Западна Австралија, Колин Барнет кој ја истакнува својата приврзеност на републиканската идеја, но смета дека сега не е време за нејзиното покренување.

Во 1999 година, во земјата беше организиран референдум за прогласување на Австралија за република„ но гласачите го отфрлија предлогот за републиканско уредување.

Актуелнот премиер Тарнбул тогаш ја водеше кампањата „за република“.

Кога минатата есен го собори својот претходник Тони Абот, со партиски пуч и стана нов австралиски премиер, Тарнбул изјави дека нема да го покренува прашањето за прогласување република, додека кралицата Елизабета Втора се наоѓа на престолот.

Претседателот на републиканското движење Питер Фицсимон изрази големо задоволство, што прв пат сите австралиски политички лидери се согласни монархијата да се замени со република.

Притивниците на промената, тврдет дека републиканците сакаат тргање на монархијата, но се уште не се договориле околу тоа како да изгледа замената за сегашниот политички систем.

Австралија функционира како уставна монархија во која кралицата Елизабета е формален шеф на државата, претставен преку генералниот гувернер на земјата.