Австралиски универзитет нуди по 1.500 долари за враќање на кинески студенти преку трета земја
Еден од водечките универзитети во Австралија соопшти денеска дека им нуди на кинеските студенти по 1.500 австралиски долари доколку патуваат низ трета земја, со цел минимизирање на влијанието на забраната за странците кои пристигнуваат од Кина.
Австралија од 1 февруари забрани влез на странци кои пристигнуваат директно од Кина, наведувајќи ја потребата да се запре ширењето на вирусот сличен на грип што се појави во Кина кон крајот на минатата година.
Забраната беше продолжена вчера до 29 февруари.
Австралиската учебна година веќе е во тек и универзитетите стравуваат дека илјадници студенти ќе се повлечат и ќе разгледаат меѓународни алтернативи ако не се во можност да дојдат на своите часови за неколку недели.
Владата на Австралија соопшти дека се додека студентите се надвор од Кина 14 дена, ќе им биде дозволено да влезат во земјата.
Универзитетот Западен Сиднеј соопшти дека ќе им понуди на кинеските студенти еднократна исплата доколку ги исполнат тие услови.
„Во знак на признание за дополнителните трошоци направени за патување низ друга земја, Универзитетот понуди да им помогне на студентите со еднократна исплата за субвенција од 1.500 долари“, наведуваат од Универзитетот.
Странските студенти „носат“ околу 35 милијарди американски долари годишно за австралиската економија, при што на кинеските студенти отпаѓа околу една третина од таа бројка.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот