Австралиски пратеник го запроси својот партнер во Парламентот
Австралискиот пратеник Тим Вилсон го запроси својот партнер Рајан Болгер за време на собраниската дискусија за легализација на истосполови бракови во земјата.
Болгер, кој седеше во делот од салата предвиден за гости и заунтересирани граѓани за следење на седниците, одговори - „да!", што предизвика општо задоволство и аплауз меѓу присутните.
Неофицијално, тоа е првото запросување во австралискиот Парламент воопшто.
Долниот дом на Парламентот денеска почна да го разгледува Предлог-закон за легалиаџија на истпопловите бракови, пет дена откако тој беше усвоен во Сенатот.
Се очекува конзервативните пратеници да поднесат амандмани на Предлог-закон, меѓу кои и оној што ќе им гарантира право на матичарите да одбија да сакаат да венчаваат истополови бракови. Сенатот ги отфрли таквите амандмани при расправата мината седмица.
Австралијците минатиот месец, со мнозинство гласови „за“, ја поддржаа легализација на истосполови бракови, на анкета спороведена на државно ниво.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота