Живот
22. December 2017 - 9:50

Австралиска подморница пронајдена по 103 години

Остатоци од австралиска подморница се пронајдени по потрагата која траеше 103 години.

Станува збор за првата австрaлиска подморница „ХМАС АЕ-1", која исчезнала за време на Првата светска војна во водите на Папуа Нова Гвинеја.

Подморницата исчезнала на 14 септември 1914 со 35 членови на екипажот, Австралијци и Британци.

Таа е пронајдена е во текот на 13-тата мисија во водите во близина на островот Војводата од Јорк во Папуа Нова Гвинеја.

Австралиската Влада соопшти дека со ова откритие решена е една од најстарите поморски мистерии во земјата.

- Ова е едно од најважните откритија во историјата на австралиската Морнарица. Исчезнувањето на оваа подморница беше првата загуба на Кралската морнарица на Австралија и прва таква загуба на страната на сојузниците за време на војната. Голема трагедија и за нас и за нашите сојузници, рече министерот за одбрана Марис Пејн.

 	подморница-2.

За време на потрагата бил користен подводен дрон, кој нуркал на длабочина од околу 40 метри. Подморницата била пронајдена на 300 метри под површината на океанот.

Точната локација на подморницата не е откриена заради нејзина заштита, но судејќи според се, се чини дека се уште е во „едно парче", наведува Би-Би-Си.

Не се планира таа да биде префрлена во Австралија, но ќе почне да се работи на утврдување на причината за несреќата.