Свет
30. November 2020 - 19:34

Австралија: Тригодишно девојче починало од жештина откако родителите го оставиле заклучено во автомобил

Пар во Австралија е обвинет за убиство на нивната тригодишна ќерка, која починала од жештините на автомобилот додека тие гледале Нетфликс дома.

Мајката Лора Блек (37) и нејзиното момче Арон Хил (29) се осомничени дека ја оставиле ќерката на Лора, Рајли Роуз заклучена во автомобилот во Тоунсвил, кога надвор температурата била 32 Целзиусови степени. Според локалните медиуми, таа во петокот од 9 часот била во автомобилот на висока температура неколку часа, заклучена во возилото и врзана за седиштето.

Парот, наводно, ја гледале серијата „Shameless“ и излегле за да ги земат трите постари сестри на Рајли од училиште, кога во возилото го пронашле тригодишното дете. Малата Рајли била одведена во локалната болница околу 15 часот, но лекарите не биле во можност да и го спасат животот, според „News.com.au“.

Во меѓувреме, тие се уапсени и ослободени со кауција, а треба да се појават на суд на 24 февруари следната година.