Свет
13. March 2018 - 9:48

Австралија отвора Амбасада во Естонија која ќе работи само два месеци годишно

Министерството за надворешни работи на Австралија ќе ја отвори првата привремена Амбасада во Естонија која ќе работи само два месеци во годината. 

Во другите десет месеци во годината Амбасадата ќе има „виртуелно присуство“ во Естонија, напредна земја во информатичките технологии кои се користат секојдневно. 

За Естонците досега беше задолжена австралиската Амбасада во Стокхолм. 

Во Австралија живеат 8.500 Естонци според пописот од 2011 година. Тоа е една од најголемите естонски заедници во странство.