Австралија: Кенгур скокнал врз жена, настрадаа силиконите!
Двете пријателки, Шерон Хајнрих (45) и Хелен Салтер (47) возеле велосипеди во јужна Австралија, кога виделе кенгур пред нив. – Изгледаше мирен, не изгледаше лут – се сеќава Шерон…
Но откако со велосипедите поминале покрај него тој одеднаш скокнал и ги турнал од велосипедите на земја.
Хелен поминала со состојба на шок, а Шерон била прилично повредена – таа има три скршени ребра и оштетени силикони при падот кои ќе мора да ги замени.
– Имплантите во аградите ми послужија како „воздушни перничиња“ но настрадаа при падот – сега ќе морам да ги сменам – вели ведрата Шерон.
Шерон и Хелен работат во предел каде често гледаат кенгури. Велат дека никогаш не би помислиле дека кенгурот може да ги нападне од зад грб, одеднаш, но среќни се што не се уште повеќе повредени.
За се да се заборави побргу, тие ситуацијата ја свртеа на шега.
Сопругот на Шерон, на пример, во болница и подари голем кадифен кенгур – боксер, за спомен!
– Сега тоа е се што можеме да направиме – да се насмееме на се и да оздравиме побрзо- вели Шерон.
Ново на Сител
-
Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје
-
Втор ден од посетата на владино-црковната делегација на Рим, оддавање почит пред гробот на Св. Кирил и средба Ковачевски – Драги
-
Скопје и Софија остануваат посветени на конструктивен дијалог до изнаоѓање прифатливо решение засновано на европски вредности
-
СЗО: Нема потреба од масовна вакцинација во Европа и Северна Америка против мајмунски сипаници
-
Пендаровски на панел за безбедноста во Европа на Форумот во Давос
-
Зеленски е подготвен да разговара само со Путин и само за завршување на војната
-
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
-
Претпладне сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи