Бизнис
12. April 2019 - 16:23

АВРМ тврди дека невработените барале работа со желба да не ја добијат

Дури 70 отсто од невработените не се појавуваат на интервјуата за работа. Од оние малкумина пак кои ќе дојдат кај работодавецот за да ги чујат условите, ретко кој ја прифаќа понудата.

Условно кажан ние се соочуваме со проблем. Имаме ситуација која од поканетите лица 70 отсто нема да дојдат на закажаното интервју бидејќи не е задолжително. Од тие 30 проценти кој ќе дојдат,  кај работодавецот одат половината и најчесто се случува да ја одбијат понудената работа од најразлични прични, поради платата, смените, местото, рече Биљана Јовановска  директор на Агенција за вработување

Уште еден проблем велат од Агенцијата е тоа што фирмите објавуваат оглас за позиција за која веќе имаат најдено човек за работа.  Многу од нив нудат и работни места за кои невработените не се квалификувани.

-Невработните кога ќе го видат огласот и кога ќе се јават на работодавецот тој им вели дека е пополнето поради што кај невработените се создава недоверба кон агенцијата, вели Биљана Јовановска- директор на Агенција за врабтување

Многу и од оние кои се со високо образование , а без работа одлучуваaт да се преквалификуваат за некој занает , кој се бара на пазарот на трудот.

Во земјава има 190 илјади невработени. Но половина кои се во евиденцијата на Агенцијата не бараат работа. Според експертите дел се заминати во странство дел се во сивата зона. Но агенцијата нема точно податоци колку се на работа во друга земја, а колку  работат на црно.

Според Светска банка  70 отсто од невработените се долгорочно невработени.