Бизнис
6. јуни 2016 - 16:43

АВРМ со проект за обука на младите во компании

500  тини  невработени лица  од денеска ќе можат да  аплицираат на новиот огласот за три месечна пракса  во компаните кои ќе се јават  дека имаат потреба од таков кадар.  Можат да конкурираат лица до 29 години  со средно или високо образование. На овој начин  тие ќе  се стекнат со знаења и вештини , да се докажат за потоа фирмата каде оделе на пракса да ги задржи на работа. За мерката  обезбедени се  150 илјади евра , средства  од вториот грант од ИПА европските фондови

Од  агенцијата велат дека често доаѓаат млади кои имаат добро теоретско знаење но се без искуство за работа . Затоа мерка практиканство е од голема важност за нив.

Огласот ќе трае 20 дена, ако има потреба ќе биде продолжен.

Досега ваквата мерка ја  искористиле околу 2.500 млади невработени, од кои 1.590 се веќе во работен однос.