Аврамопулос оптимист дека ќе завршат шпекулациите за излез на Грција од Шенген зоната
Шенгенскиот договор се заснова на принципите на солидарност и одговорност и секој обид да се фрли сомнеж на ова, ги доведува во прашање овие принципи и тоа никому не му е во корист, ниту пак нуди некакви решенија, изјави еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос.
Како што јави дописникот на МИА од Атина во изјава за весникот „Катимерини“, еврокомесарот истакна дека „бегалската криза со која се соочуваме е без преседан“.
- И ова не се однесува само на земјите-домаќини или земјите на дестинација, туку на сите во Европа. И покрај силниот притисок врз Грција, императив е да се заврши овој напор кој ќе даде видливи резултати, рече Аврамопулос.
Според него, „итно и целосно спроведување на договорените мерки, и во Грција и во сите земји-членки, ќе ја зајакне безбедноста на поморските граници и ќе ја врати контролата на северната граница, каде што неидентификувани мигранти се обидуваат да го продолжат своето патување на север“.
Грчкиот еврокомесар истакна дека Владата во Атина „е свесна за потребата да се забрзаат постапките врз основа на договорените временски рокови“ и истакна дека до состанокот на 17 декември ситуацијата треба значително да се подобри и на морската и на копнената граница на земјата“.
- Јас сум оптимист дека тоа ќе се стави крај на шпекулациите во врска со падот на Шенген зоната и за излез на Грција од Шенген зоната, истакна Аврамопулос.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација