Македонија
5. February 2016 - 14:26

АВМУ: Медиумите да известуваат објективно, непристрасно и професионално

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ги повика медиумите да покажат професионална одговорност и да ја извршуваат својата работа придржувајќи се до највисоките стандарди и принципи на новинарството.

- Во овој чувствителен момент за македонското општество, Агенцијата потсетува дека медиумите треба да известуваат објективно и непристрасно при што еднакво ќе ги третираат различните гледишта и мислења со што ќе и овозможуваат на јавноста слободно да оформи сопствено мислење за одделни настани и прашања, се вели во соопштението од АВМУ.

Притоа, се додава во него, новинарите треба да прават јасна разлика меѓу фактите и коментарите постојано водејќи сметка дека фактите се неприкосновени, а новинарскиот коментар - освен што е слободен, мора да биде и вистинит.