Македонија
16. January 2017 - 13:04

Авиосообраќајот без поголеми проблеми

Авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје засега се одвива без поголеми застои.

Според веб страницата на аеродромот, одложено е полетувањето за Истанбул, а одложено е и пристигнувањето на летот од Виена. Утрово не е реализиран и планираниот лет Скопје - Загреб.

Преостанатите предвидени денешни летови се очекува да се реализираан според утврдениот ред на летање. 

На Охридскиот аеродром денеска не се предвидени ниту полетувања ниту слетувања.