Авионска несреќа во Мексико: Пилотот познат по врски со нарко картел
Пилотот, кој загина во падот на авионот во планина во Мескико, е познат по апењето поради врски со картелот на Ел Чапо и одбивањето да го префрли синот на Муамер Гадафи, Саад од Либија.
Воениот пилот Хуан Хозе Талавера (45), беше еден од 13-те лица, кои пред два дена настрадаа на мексиканската планина Окампо, на северот на таа држава.
Тој е познат по тоа што во јули 2006 година беше уапсен на аеродромот Тихуана , заедно со уште 10 лица поради сомневање дека работел за картелот на Хоакин Ел Чапо Гузман, при што превезувал оружје и луѓе без документи.
Исто така, се тврди дека тој го транспортирал кокаинот на истиот картел, но не е познато колку време поминал во затвор за ова.
Талавера во 2011 година одби да го пренесе синот на Гадафи, Саади од Либија во Мексико. Синот на Гадафи тогаш беше баран од Интерпол, а Талавер и другите двајца пилоти одбија да летаат од Косово на територијата на Либија.
Министерството за сообраќај на Мексико претходно соопшти дека млазен авион „Бомбардер Челинџер 601“ кој летал од Лас Вегас, САД кон Монтереј исчезна од радарите.
Авионот летал од Лас Вегас до Монтереј. Патниците се враќале од бокс меч во американскиот град.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми