Свет
24. January 2021 - 18:56

Авионска несреќа во Бразил, загинаа четворица фудбалери

Четворица фудбалери на бразилскиот фудбалски клуб „Палмас“, претседателот на клубот Лукас Меира и пилотот загинаа во авионска несреќа што се случила денеска.

Несреќата се случила кога авионот со фудбалерите, кои требало утре да играат натпревар, се урнал на крајот од пистата по полетувањето во Лузимангуес.