Свет
15. November 2017 - 22:02

Авионска несреќа, има мртви

Најмалку 11 луѓе загинаа денеска во северниот дел на Танзанија при уривање на авион со туристи, кој летал кон Националниот парк Серенгети, соопшти танзаниската авиокомпанија „Коастал авиејшн“.

Авионот „Цесна караван“ во кој имало десет патници и пилотот превезувал туристи од градот Аруша, а се урна во кратерот Нгоронгоро.

Танзаниската авиокомпанија за чартер летови не го објави идентитетот на жртвите, а се уште не е позната и причината за несреќата.