Македонија
11. May 2019 - 11:49

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје против ларви од комарци ќе се изврши денеска во раните утрински часови.

Како што соопшти Град Скопје, доколку временските услови не дозволуваат дезинсекција, прскањето ќе биде спроведено во истиот термин првиот нареден ден.

-Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, велат од Град Скопје.