Авионите со жртвите од несреќата ќе пристигнат утре во 9 часот, на плоштадот „Скендербег“ оддавање почит и следење на поворката
Посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи.
По пристигнувањето, како што наведува МНР, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.
Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да поожат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.
На самиот плоштад ќе биде поставен и видеоѕид, од каде што граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.
Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов денеска изјави дека останките на 45-те македонски граѓани утре наутро од Бугарија во земјава ќе бидат транспортирани со два воено-транспортни авиона.
Несреќата на автобусот на „Беса транс“-Скопје се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. Загинаа 45 патници, седум беа повредени.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми