Авионите немаат дозвола да летаат над куќата на Меси
Шпанската авио компанија „Vuelting“ му се извини на Лео Меси поради коментарот на нејзиниот претседател, кој минатата недела изјави дека аеродромот во Барселона не може да се прошири, затоа што на авионите не им е дозволено да прелетуваат преку куќата во која живее Аргентинецот.
- Авионите немаар дозвола да летаат над куќата на Меси. Тоа е единствено место на светот на кое има таква забрана, изјавиминатата недела Хавиер Санчес на прес - конференција.
- Нашата намера не беше да го вовлечеме славниот фудбалер во било каков проблем и во оваа прилика му се извинуваме. Напоменуваме дека Меси не презел било каква акција и упатил било каков допис поврзан со аеродромот и неговото проширување, се наведува во соопштението од компанијата, коее е издадено, откако изјавата на претседателот Санчес предизвика голем интерес во јавноста.
Доколку би се изградила барем уште една писта, тоа би значело дека авионите ќе мораат да прелетуваат куќата на фудбалерот на Барселона, при слетувања и полетувања, што, изгледа дека не е дозволено.
Меси живее во делот на градот, кој се вика Гава, а неговата куќа е оддалечена 10 километри од аеродромот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево