Македонија
8. јуни 2017 - 18:02

Авиони на АРМ утре ќе летаат над Скопје

По повод 10-ти Јуни - ден на Воздухопловната Бригада на АРМ, утре од 10:40 до 11:30 над Градот Скопје ќе надлетуваат седум воздухоплови на АРМ.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ќе биде изведено надлетување над градот во  формација од Аеродромот „Александар Велики“, преку централното градско подрачје, до населбата Ѓорче Петров и обратно.

Воздухопловите ќе летаат на висина од 100 метри.