Македонија
12. јуни 2021 - 13:20

Авион со специјална порака за македонските фудбалери прелета над Скопје

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра историскиот прв натпревар на едно големо натпреварување од осамостојувањето.

Во таа чест ФФМ дигна авион на македонското воздухопловство и испрати порака.

Пораката гласи „ОДИМЕ НА ЕВРОПСКО, НАПРЕД МАКЕДОНИЈА“.