Авион се урна во публика на аеромитинг во Англија, седум мртви
Најмалку седум лица загинаа откако воен авион се урна денеска попладне на аеромитинг одржан на аеродрмот Шорхем, во близина на Брајтон, во јужниот дел на Велика Британија.
Уште едно лице со тешко повреди се наоѓа во животна опасност, јави Би-Би-Си.
Во несреќата полесно се повредени и 14 лица.
Авионот, што претходно изведувал лупинг, при падот погодил неколку автомобили на автопатот А27, што води на север од аеродромот.
Претходно беше соопштено дека во инцидентот се повредени неколку лица, а пилотот е извлечен од запалените остатоци. Засега нема информации кои се загинатите во несреќата, ниту дали меѓу нив е пилотот.
Станува збор за воен авион Хокер Хантер, борбен авион едносед што се произведува во Велика Британија од 50-тите години на минатиот век.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк