Свет
29. January 2018 - 11:37

Авион принудно слета на автопат

Мал авион мораше принудно да слета на Автопатот 55 во месноста Коста Меса во јужна Калифорнија.

Настанот се случил нешто пред 20:00 часот по локално време.

Нема информации за жртви и повредени во инцидентот, но Си-би-ес Њуз јавува за можни повредени „на земја”, односно меѓу возачите на автомобилите.