Авион на „Изи Џет“ принудно слета во Келн поради „сомнителни разговори“ меѓу патници
Три лица се приведени во Келн откако принудно слета авион на нискобуџетната компанија Изи Џет што извршувал лет од Љубљана до Лондон. Во авионот имало 151 патник.
Пилотот донел одлука да слета на аеродромот во Келн откако патници го информирале екипажот дека тројца мажи „зборувале за тероризам“.
Заради инцидентот, запрено беше извршувањето летови од тој аеродром меѓу 19 и 22 часот синоќа. Десет авиони беа насочени да слетаат кон други аеродроми, а 20 авиони доцнеа.
Веднаш по слетувањето, полиција и специјални единици го заобиколиле авионот, патниците биле забрзано извлечени од леталото според процедурата за вонредни ситуации, а полицајци влегле во кабината.
Сите патници биле подоцна испрашувани, но авионот останал на аеродромот, подалеку од аеродромската зграда, додека патниците биле префрлени во хотел, затоа што нивниот лет бил откажан.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот