Живот
2. October 2015 - 18:25

Авиолет одложен поради караница на четворица пијани Чеси со пилотот

Четворица пијани Чеси ноќеска се расправале и го навредувале екипажот на авионот кој требало од Прага да полета за Рим, поради што летот бил одложен за подоцна, соопшти полицијата.

На мажите, сите на возраст од околу 40 години, полицијата при алко-тест им измерила од 1,3 до 1,7 промили алкохол во здивот. Бидејќи продолжиле да бидат агресивни пијаните мажи биле притворени, по што авионот полетал без нив.

На Чесите, поради непочитување на повик од службено лице им се заканува одредување парична казна.