Живот
23. August 2021 - 20:24

Авганистанското знаме ќе се вее на Параолимписките игри во „знак на солидарност“

Иако на Параолимписките игри во Токио нема да има претставници од Авганистан, знамето на оваа држава ќе биде присутно на свеченото отворање во „знак на солидарност“ со спортистите на кои им е оневозможен настап на манифестацијата во Јапонија.

Авганистан на Параолимписките игри требаше да настапи со двајца спортисти, кои не можат да допатуваат во Токио, бидејќи новата талибанска власт во Авганистан ги укина сите комерцијални летови.

– Одлучивме да го вклучиме авганистанското знаме на свеченото отворање во знак на солидарност, а го замоливме претставникот на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации да биде знаменосецот, изјави претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет Ендрју Парсонс.