Свет
15. July 2016 - 9:16

Авганистанец убиен во тепачка меѓу мигранти во јужна Атина

Еден Авганистанец е убиен во насилни судири што синоќа избувнаа во центарот за бегалци и мигранти во Елинико, во јужниот дел на Атина.

Според првичните извештаи, како што јави дописникот на МИА од Атина, неименуваниот човек бил избоден со нож и претепан за време на тепачка со група сонародници.

Тој починал неколку часа подоцна во болница, а докторите соопштија дека претрпел сериозни повреди на главата.

Уште двајца мигранти кои учествувале во тепачката што се случи на поранешниот аеродром во Атина, добиле медицинска помош за помали повреди.

Полицијата веднаш стигнала на местото на инцидентот, а истрагата е во тек.