Балкан
3. јуни 2020 - 13:36

Авдулах Хоти ќе ја предводи новата влада во Косово

Со 61 глас – за, 24 против и 1 воздржан, косовското собрание ја изгласа новата влада што ќе ја предводи Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово.

Мандатарот Хоти на почетокот на своето обраќање им се заблагодари на лекарите и другите здравствени работници за справувањето со епидемијата на Ковид-19.

Хоти нагласи дека намерата на партнерите од новата владина коалиција за формирање влада била единствено заштитата на човековите права и слободи и напредокот на државата.

Тој рече дека прифаќањето на кандидатурата за премиер претставувало „не баш лесен предизвик“ за него.

Новата Влада ЛДК ќе ја формира заедно со Алијансата за иднината на Косово (ААК), Социјалдемокртската иницијатива (Нисма), Српската листа (СЛ) и партиите на другите немнозиснки етнички заедници.