-->
-->
Аус опен: Ѓоковиќ тешко се избори за четвртфинале
-->
Првиот носител на Австралија опен Новак Ѓоковиќ по голема борба и меч што траеше повеќе од четири часа успеа да го победи Жил Симон со 3:2 во сетови и да се пласира во четвртфиналето. Во текот на мечот Ѓоковиќ водеше со 1-0 и 2-1 во сетови, но Симон успеваше да изедначи. По сетови: 6:3, 6:7(1:7), 6:4; 4:6 и 6:3. Симон спаси две меч топки.
Негов ривал од следната рунда ќе му биде Кеи Нишикори, кој со 6:4; 6:2 и 6:4 го победи Жо Вилфред Цонга.
Кај жените досега завршија два осминафинални меча. Марија Шарапова ја победи Белинда Бенчиќ со 7:5 во двата сета, додека Серена Вилијамс беше подобра од Маргартиа Гаспаријан со 6:2 и 6:1. Во четвртфиналето ќе играат Вилијамс - Шарапова.
Кај мажите во тек е мечот Баутиста Агут - Бердих, а кај жените Радванска - Фридсман.
Подоцна ќе почнат дуелите:Федерер - Гофина кај мажите и Наваро - Гаврилова кај жените.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците