Македонија
9. September 2016 - 13:39

Ауди удри во мотор, еден тешко повреден во сообраќајка во прилепско

Вчера вечер  во 20.15 часот на регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(43) од с.Забрчани, прилепско, и мопед марка „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од А.Р. (59) од Прилеп.

По незгодата на А.Р. му е укажана медицинска помош во Општа болница Прилеп каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите истиот е препратен на понатамошно лекување во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Велес.