„Ауди“ се вклучува во проектот за воздушни такси во Инголштад
„Ауди“ ја пренесува мобилноста во третата димензија. Минатата недела во Берлин беше потпишан посебен документ за намерите на компанијата.
Брам Шот, Извршен директор и член на Управниот одбор задолжен за маркетинг и дистрибуција во „Ауди AГ“, го потпиша документот за лансирање на проектот „Урбан ер мобилити“ (Urban Air Mobility) заедно со сојузниот министер за транспорт Андреас Шојер, министерот за дигиталниот развој Дороте Бер, Грација Витадини, извршен директор во „Ербас“, како и други претставници на политичката класа и индустријата. Целта на овој проект во рамките на Европската унија е создавање на воздушни такси во областа Инголштад.
- Поврзаните, електрични и автономно управувани автомобили ќе го направат сообраќајот во градовите поудобен и поеколошки и истовремено со тоа ќе се заштеди место, а тоа автоматски значи повисок квалитет на живот за луѓето. Во овој поглед мобилноста од третата димензија може да има голем придонес во иднина, истакна Шот.
Тој го поздрави храброто решение на градската управа и намера да земеме активно учество во трансформирање на регионот во тест зона за воздушни такси.
„Ауди“ во соработка со подружницата на компанија - „Италдизајн“, и авионскиот производител „Ербас“, претставија на автомобилскиот салон во Женева во март концептуален развој „Поп ап некст“ (Pop.Up Next), една сосема електрична и целосно автоматизирана студија за хоризонталната и вертикална мобилност на иднината.
Проектот „Урбан ер мобилити“ е дел од иницијативата на Европската унија, наречена „European Innovation Partnership (EIP) on Smart Cities and Communities (SCC)“.
Проектот го означува почетокот на големата иницијатива на Европската унија која вклучува други градови, како Хамбург и Женева.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација