Тенис
3. January 2017 - 10:28

АТП: Стартна победа на Ѓоковиќ

Вториот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ оствари победа во два сета на стартот од турнирот во Доха каде го брани трофејот освоен минатата година.

Популарниот Ноле го совлада  Германецот Јан-Ленард Щруф со 7-6 (1), 6-3, што беше прв меѓусебен дуел на овие двајца тенисери. Ѓоковиќ првиот сет го доби во тај-брејк но во вториот оствари лесна предност и и до крајот не ја  испушти.Мечот траеше час и 27 минути.
 
Во следниот круг Србинот ќе се сретне со  Хорасио Зебалос (Аргентина) koj со 2-1 го совлада Флоријан Мајер (Германија).