Тенис
17. July 2017 - 9:34

АТП: Скок на Федерер

Со рекордната титула на Вимблдон Роже Федерер напредуваше две места на новата АТП рејтинг листа и сега е трет тенисер во светот.  Федерер успеа да ги надмине Вавринка и Ѓоковиќ  и сега е трет во светот зад Рафаел Надал и Енди Мареј.  Мареј и натаму е прв светски рекет со 7.750 бодови пред Надал со 285 помалку. Ѓоковиќ е на 4. позиција, Вавринка на 5-тата, додека финалистот на Вимблдон Марин Чилиќ е пести.