Тенис
11. January 2016 - 13:02

АТП: Расте предноста на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ освои нови бодови на турнирот во Доха каде минатата сезона беше елиминиран во 1/4 финалето.  Победникот во Доха сега има вкупно 16.790 поени.

Најдобриот светски тенисер води пред Енди Мари со 8945 поени , двоецот од Швајцарија Федерер (8165) и Вавринка (6865) како и Шпанецот Рафа Надал (5230). 

Во ТОП 10 единствената промена е што Кеи Нишикори е сега 7-ми на местото на Ферер кој падна на 8. место.