Loading Video...
Тенис
10. September 2018 - 19:06

АТП: Ноле се враќа експресно кон врвот

Продолжува доминацијата на Новак Ѓоковиќ во светскиот тенис.  Српскиот тенисер на маестрален начин ја освои Грен Слем титулата во Њујорк совладувајќи го убедливо Хуан Мануел дел  Потро во три сета. 
ТОНСКИ 
Ниту фрустрираните американски гледачи кои навиваа за Аргентинецот ниту топлото време не му можеа ништо на Ѓоковиќ кој освојуваше прекрасни поени  не дозволувајќи упорниот дел Потро да дојде до резултатски приклучок. 
Во првиот сет  Ѓоковиќ загуби три гема а се беше решено во вториот сет 
кој Србинот го доби во тај-брејкот и дефинитивно го скрши отпорот на противникот  кој немаше сили да се врати во третиот сет кој го загуби со 6-3. Мечот траеше 3 часа и 15 минути а  победникот освои 2000 АТП поени и се врати меѓу најдобрите тројца на планетата.