-->
АТП: Мареј го напаѓа првото место на Ѓоковиќ

Енди Мареј лани на Вимблдон беше елиминиран во полуфиналето, а оваа година победи во финалето и бодовното салдо го зголеми за 1.280 бодови. За разлика од Британецот, Ѓоковиќ не ја одбрани титулата, Вимблдон го напушти по поразот во третото коло, по поразот од Сем Квери и загуби 1.910 бодови.
Ѓоковиќ на првото место на АТП листата има 15.040 бодови, додека Мареј на второто место има 10.195 бодови. Трет на листата е Роџер Федерер со 5.945 бодови, а на четвртата позиција е Рафаел Надал со 5.290.
Стан Вавринка е на петтото (4.720), Кеи Нишикори е шести (4.290), а финалистот на Вимблдон Милош Раониќ остана на седмата позиција (4.285).
Томаш Бердих се врати на осмата позиција (3.490), деветти е Доминик Тим (3.175), а меѓу најдобрите десет повоторно е Жо-Вилфред Цонга (2.995).
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ ги продолжува преговорите за избор на консензуален кандидат
-
Завршни зборови во случајот ,,27 април‘‘
-
Центарот за култура од Струмица добил 150.000 денари за 70 години јубилеј
-
Културните работници од независната сцена бaраат средба со Заев и Адеми за ревизија на одлуките
-
Експертите бараат од владата да одлучи каков модел на администрација е најдобар за држвата
-
Мајката на портпаролот на СДСМ поднесе оставка, опозицијата обвинува за нови партиски вработувања
-
Последен тренинг на кошаркарите пред замунувањето за Романија
-
Ливерпул домаќин на Баерн, а Лион ја пречекува Барселона