Тенис
24. April 2019 - 12:20

АТП финалето се сели во Торино

Завршниот турнир на најдобрите осум тенисери во сезоната, познат и како „АТП Фајналс“, од 2021 до 2025 година ќе се одржува во Италија. Торино ја доби организацијата во конкуренција на Манчестер, Токио, Сингапур и Лондон.

Турнирот на кој што учествуваат осумте најдобри во сезоната прв пат се одржал во Токио во 1970 година, а изминатите години домаќин е Лондон. Во англиската престолнина за престижната титула тенисерите се борат од 2009 година. Последниот „АТП Фајналс“ во Лондон ќе се одржи во 2020 година.

Торино ќе им биде домаќин на тенисерите во „Пала Алпидор“, арена која е изградена за потребите на Олимписките игри во 2006 година и која има капацитет до 14.350 места. за седење.