Loading Video...
Фудбал
28. јуни 2020 - 14:52

Атлетико се проби на третото место, Симеоне стана рекордер

Екипата на Атлетико Мадрид ја оствари четвртата победа во низа. Црвено-белите на домашен терен со 2-1 ја победија екипата на Алавес. 
 
Саул Нигез во 59.минута го отвори резултатот, а во 70-тата минута се случи спорниот момент кога по непостоечкиот пенал во полза на Атлетико, Диего Коста го постигна вториот гол. 
 
Гостите преку Хоселу во самиот финиш само успеаја да го ублажат поразот. 
 
Атлетико Мадрид со 58 бода изби сам на третата позиција и во добра клима го чека гостувањето на „Камп Ноу“ на први јули.
 
Со оваа победа Диего Симеоне стана нов рекордер како тренер на Атлетико Мадрид. Аргентинскиот стручњак стигна до 195-тата победа предводејќи ги „јорганџиите“ со што за една победа повеќе го мина на вечната листа легендарниот Луис Арагонес.