Фудбал
22. September 2020 - 11:58

Атлетико му понуди договор на Кавани

Поранешниот напаѓач на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани, кариерата може да ја продолжи во Атлетико. Шпанците му понудија двегодишен договор на 33-годишниот Уругваец, објави Л’Екип.

Претставниците на Атлетико вчеравечер се состанаа со агентите на Кавани во Париз.

Договорот на Единсон со ПСЖ истече летото 2020 година.

Кавани е најдобар стрелец во историјата на парискиот клуб. Тој постигна 200 погодоци на 301 натпревар.