Loading Video...
Фудбал
16. August 2018 - 16:38

Атлетико Mадрид во друштво на Ливерпул со три титули од УЕФА Супер Купот

 
Во мечот одигран во Талин, Естонија, екипата на Атлетико која е актуелен победник во Лига Европа беше подобра од градскиот ривал и победник на Лигата во Шампионите Реал Мадрид со 4:2, откако регуларните 90-минути завршија нерешено 2:2. 
 
Со овој триумф популарните „јорганџии“ ја прекинаа доминацијата на „кралскиот тим“ кој во последните пет години три пати го освојуваше овој трофеј.
 
Реал не успеа да се играмни со Барселона и Милан кои имаат по пет трофеи, еден повеќе од „кралевите“, но затоа Атлетико сега е во друштво на Ливерпул кој исто така има три трофеи од европскиот  Супер Куп. 
 
Шпанските екипи се доминантни во ова натпреварување со вкупно 15 освоени трофеи, од кои дури девет во последните десет години (2013 година освојувач беше Баерн Минхен).