Loading Video...
Фудбал
13. August 2020 - 12:31

Атлетико и Лајпциг со смои математики за влез во полуфиналето на ЛШ

Вечерва се игра вториот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите по кој Атлетико Мадрид или Лајпциг ќе го дадат противникот на ПСЖ во полуфиналето
 
Шпанскиот тим важи за благ фаворит пред се поради искуството и реномето кое Атлетико го има во ваквите натпревари, како и традицијата која вели дека во последните Шпанците имаат 15 победи и по три порази и нерешени дуели во натпреварите против германските екипи во евро куповите. 
 
-Искуството што го имаат противниците и нивниот тренер во однос на нас, сметам дека нема да биде пресудно за конечниот исход на вечерашниот меч, изјави Јулијан Нагелсман тренерот на Лајпциг, тим кој се надева на своето прво историско полуфинале,
 
Од друга страна, победата против Лајпциг одново го носи  Атлетико во големата четворка, односно полуфиналето во кое тимот од Мадрид во последните шест сезони играше дури три пати. 
 
Тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне вели дека на вечерашниот меч не е важно да се победи, туку дека тоа е единствениот начин како да се продолжи понатаму на турнирот, потенцирајќи го императивот на неговиот тим. 
 
Натпреварот кој ќе го даде вториот полуфиналист во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Јапциг ќе започне од 21 часот. 
 
Во истиот термин утре ќе играат Барселона и минхенски Баерн, а во сабота ќе се сретнат Манчестер Сити и Лион, по што ќе биде комплетирана и втората полуфинална двојка.