Фудбал
15. October 2017 - 10:41

Атлетико и Барселона одиграа „мирољубиво“ без победник

 
 
 Големото шпанско дерби меѓу Атлетико Мадрид и Барселона заврши без победник 1-1. 
 
Средбата која предизвика големо вниемание во европската јавност, не само поради фудбалското ривалство, туку и поради последните политички случувања во Шпананија, на релација Каталонија – Мадрид, дополнително ја подгреаа атмосферата пред мечот во Мадрид, па низ улиците на шпанската престолните се случија повеќе инциденти меѓу навивачите на двата тима. За среќа сите минаа без посериозно повредени лица.
 
Што се однесува на теренот, таму се мина во најдобар ред. 
 
Од фудбалските елементи. Ги одбележуваме головите на Саул Нигез во 21.минута со кој Атлетико поведе, како и израмнувачкиот гол на Барселона кој го постигна Луис Суарез во 82.минута. Гостите имаа и можност за комплетен резултатски пресврт, но Суерез во 90-тата и Меси во третата минута од судиското надополнение не успеаа да го совладаат домашниот голман Облак. 
 
Со освоениот бод, како и победата на Реал над Гетафе (2-1), сега лидерот Барселона има 22 бодови, пет побеќе од „кралскиот клуб“ односно шест во однос на Атлетико Мадрид и Севиља кои се на третото и четвртото место на табелата.