Фудбал
15. April 2016 - 12:07

Атлетико - Баерн и Сити – Реал во 1/2 финалето на Лигата на шампиони

 
 Екипите на Атлетико Мадрид – Баерн Минхен односно Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе играат во полуфиналето на елитната фудбалска Лига на шампиони.
 
Ова е исходот денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион. 
 
Дуелот на Атлетико Мадрид и Баерн Минхен ќе биде практично реприза на финалето во 1974 година во тогашниот Европскиот куп, во кое геранскиот тим триумфираше, откако првиот меч заврши 1:1, па во повторениот Баерн славеше победа со 4:0.
 
Манчестер Сити и Реал Мадрид досега одиграа само два меѓусебни дуели и тоа во сезоната 2012/2013, а Реал има подобар биланс бидејќи го доби вториот меч во Мадрид со 3:2, одткако првиот во Манчестер заврши 1:1.
 
Првите полуфинални мечеви од Лигата на шампионите се играат на 26 и 27 април, додека реваншите се на 3 и 4 мај. Финалето е на 28 мај на „Сан Сиро" во Милано.