Балкан
7. July 2016 - 12:28

Атина задоволна од формирањето на новата европска погранична служба

Атина е задоволна од создавањето на европската погранична служба, подвлекувајќи ја неопходноста од што поскоро активирање на соодветните процедури за неа, информира весникот „Етнос“.

Електронското издание потсети дека Грција е меѓу првите држави членки, кои извршија притисок во овој правец и го потенцираа фактот дека надворешните граници на ЕУ треба да бидат признати за заеднички европски граници и да ја добијат неопходната заштита.

Во врска со тоа, извори од грчкото Министерство за надворешни работи истакнуваат два важни елемента за Грција - особеностите на поморските граници, што не треба да се идентификуваат со копнените, и неопходноста секоја држава членка да го има „првиот збор“ во однос на координацијата и спроведувањето на какви и да било европски операции на нејзните граници.

Новата европска погранична служба се очекува да почне со работа во текот на септември, а со полн капацитет до ноември.