Македонија
2. May 2017 - 16:33

Атина стравува од можен притисок за брз прием на Македонија во НАТО

Грчките медиуми шпекулираат  дека нестабилноста во Македонија може да доведе до засилен  мегународен притисок за прием на земјата во НАТО. Дипломатите во Атина наводно се подготвуваат  за нов бран  притисоци за брзо решавање на спорот за името. Ваквите  шпеклуации се подгреани по состанокот на германската канцеларка со грчкиот премиер на маргините на самитот на ЕУ  посветен на Брегзитот. Грчкиот весник Реал пренесува дека на средбата Меркел – Ципрас било договорено Грција да преземе конкретни иницијативи за да се  стабилизира  регионот. Весникот не открива за какви   иницијативи се работи , но посочува дека за тоа во следниве Ципрас ке разговара со шефот на грчката дипломатија.

Порталот Протагон  детално ја анализира  ситуацијата во македонија, оценувајки дека се работи за криза подгреана од надворешни фактори.  Во анализата се вели

„Јасно е дека Атина сака БЈРМ да биде стабилна. Тоа е единствен начин во одреден момент да може да се реши името, кое е најважниот отворен спор за Грција на Балканот. Нестабилноста може да ги донесе во прв притисоците за прием на БЈРМ во НАТО како начин да се смири ситуацијата. Ова би предизвикало главоболка за Атина доколку спорот за името не е решен“,

Стабилноста на  Македонија е важна и поради грчкиот капитал во земјата, а стратешки гледано и ваквиот развој на настаните би можел да ја  зголеми силата на албанскиот фактор, се вели во анализата.