-->
-->
Атина: Се облекле како лекари и поставиле експлозивна направа во банкомат во болница
-->
Четири непознати лица, облечени како лекари, со маски, околу четири часот и 30 минути утрово поставиле експлозивна направа во банкомат што се наоѓа во внатрешноста на атинска болница, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, според истите информации, од експлозијата е предизвикана материјална штета, нема повредени, а сторителите не ги земале парите од банкоматот и веднаш по експлозијата побегнале.
Половина час пред експлозијата во болницата, експлозија имало и пред локалната канцеларија на службата за јавни приходи во населба во северниот дел на Атина, каде што, според АНА-Ð �ПА, била предизвикана материјална штета на фасадата на објектот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност